Жена случајно фрли усб-стик во ѓубре, со 3,5 милиони евра во биткоини

Од:

Брачен пар од Велика Британија минува низ тежок период откако наеднаш изгуби 3,5 милиони евра во биткоини.

Се започнало кога Ели Харт реши да ја исчисти куќата и наиде на усб-стик. Беше во фиока со стари сметки, испразнети батерии, па го фрли со другото ѓубре.

„Претпоставував дека тоа е стар усб-стик од моите школски денови, па не размислував многу за тоа“, рече таа.

Неколку дена подоцна, сопругот Том не можеше да го најде стикот и ја праша Ели дали го видела. Потоа настана општа паника.

„Штом ми го постави прашањето, се смрзнав. Веднаш ми беше јасно. Срцето ми застана. Му реков: „Мислам дека го фрлив. Ми се слоши во миг”, вели жената.

Сопружниците веднаш ги пребараа фрлените кеси за ѓубре, надевајќи се дека усб-то се уште не е исчезнато, пренесува „Дејли стар“.

„Имаше надеж, но длабоко во себе знаев дека е предоцна“, додаде Ели, опишувајќи ја нејзината грешка како „најлошата што некогаш ја направила“.

Нејзиниот сопруг купи биткоини пред 12 години, кога криптовалутата имаше многу помала вредност. Своето дигитално богатство го чувал на УСБ, но сега, без уредот, нема ништо.

„Том не ми викаше, не ме обвинуваше мене, но тишината кажуваше се. Тие пари беа нашата иднина, куќа, патувања, се, а јас ги фрлив во ѓубре”, заклучи жената.

Таа признава дека е тешко да преболи се и дека би направила се за да го врати времето.

„Никогаш не мислев дека нешто толку вредно може да изгледа толку обично. Ако чувате пари или нешто важно на USB-стик, ве молам означете го, не правете ја истата грешка како мене”, вели Ели, а пренесува „Телеграф”.

Би можело да ве интересира

Џафери: Добив материјал со измените на Кривичниот законик, но не од Груевски

A1on

USB.mk доби нов и модерен дизајн

Ана Ололовска