ВИДЕО: „Лудиот“ градоначалник на Лондон виси на жица по првото злато на ЛОИ

Од:

Екстравагантниот градоначалник на Лондон, градот домаќин на 30-тите Олимписки игри, Борис Џонсон, повторно го привлече вниманието.

Откако веслачкиот двоец Гловер-Стенинг, освои златен медал, прв за Велика Британија, Џонсон, тој  успех го прослави на  необичен начин.

Со сигурносна опрема, тој реши да се провози по жица која се наоѓаше на 8 метри височина.

Вооружен со кацига, очила и знамиња на Велика Британија, Џонсон во Викториа парк, во близина на Олимпискиот парк, „се провози“ неколку минути.

И додека одушевените минувачи, сликаа со своите мобилни телефони, Џонсон прокоментира во свој стил : „ Ова е забавно, но мора да оди побрзо“.

Високите функционери од  други  држави, признаа дека не виделе човек, на така висока функција да е толку несериозен и екстравагантен.