Екстравагантниот градоначалник на Лондон, градот домаќин на 30-тите Олимписки игри, Борис Џонсон, повторно го привлече вниманието.
Откако веслачкиот двоец Гловер-Стенинг, освои златен медал, прв за Велика Британија, Џонсон, тој успех го прослави на необичен начин.
Со сигурносна опрема, тој реши да се провози по жица која се наоѓаше на 8 метри височина.
Вооружен со кацига, очила и знамиња на Велика Британија, Џонсон во Викториа парк, во близина на Олимпискиот парк, „се провози“ неколку минути.
И додека одушевените минувачи, сликаа со своите мобилни телефони, Џонсон прокоментира во свој стил : „ Ова е забавно, но мора да оди побрзо“.
Високите функционери од други држави, признаа дека не виделе човек, на така висока функција да е толку несериозен и екстравагантен.