ВИДЕО: Жива статуа удри човек по лице

Од:

Еден уличен забавувач – жива статуа е снимен во Австралија, во момент кога се изнервирал и го удрил со тупаница човекот кој му досадил.

Тој стоел на улицата Голд Коуст и изигрувал статуа кога еден маж почнал да му го допира лицето и да му ја мести шапката.

Уличниот забавувач збеснал и со тупаница го удрил натрапникот, во присуство на голем број луѓе, а потоа пак останал да стои како статуа.

Снимката за два дена од поставувањето на Јутјуб привлече околу два и пол милиони гледачи и голем број коментари.

Елена Георгиевска