Видео: Тригодишната Лавиња како „мал Моцарт“ свири на концерти

Од:

Иако нејзините прсти се премали за клавирските типки, тригодишната Лавиња Рамирез свири со голема љубов и веќе е прогласена за „мал Моцарт“.

Клавир научила да свири само шест недели пред првпат да излезе на сцена и да засвири пред 200 луѓе во локалната црква во Плимут.

„Да свириш клавир на нејзина возраст е неверојатна работа“, рече Матеј Лехоцки учителот на Лавиња, кој се образувал во славниот Прашки музички конзерваториум, а научил да свири на четиригодишна возраст.

Нејзините родители не се музички образувани, а Лавина интерес за музиката покажала откако добила детско пијано за Божиќ.

„Не знам на кого е толку паметна, мислам дека е поинтелигентна од мене. Немаше ни две години кога ги знаеше бројките и буквите. Пред некој ден ми објасни точно што е трапез во геометријата“, рече мајка и.