ВИДЕО: Топ падови на политичарите

Од:

Вчерашното паѓање на австралиската премиерка во Индија е снимката која го одбележа вчерашниот ден. Но таа не е единствената на која  и се случило тоа.

Многу поопасно изгледаше падот на Карла дел Понте при нејзината посета на Сараево. Екс хашката обвинителка се извлече без ниедна повреда.

Исто не помина и кубанскиот претседател Фидел Кастро кој при падот го повреди коленото и рамото.

Најголемата политичка ѕвезда која падна е хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ кој при посетата на Белград „пропадна“, но веднаш беше подготвен за шега.

Во трката за претседател, градоначалникот на Загреб Милан Бандиќ се најде на лизгав терен. Ни мразот, ни снегот не го спречија да положи венец за паднатите борци на ХВО.