Видео: Шпански фестивал на скротување коњи

Од:

Повеќе од 400 години е долга традицијата на скротување диви коњи со голи раце. Овој фестивал се одржува во шпанската покраина Галиција.

Целта на скротувачите е да се легне коњот на грб, да му се отсече дел од опашката и гривата, после што се смета дека коњот е скротен. На крајот дивите коњи повторно се враќаат во својата природна средина.

Постои легенда за две сестри од селото Сабуцедо, кои го молеле Свети Лоренцо нивното село да го ослободи од чумата. После неколку дена болеста исчезнала, а во знак на благодарност сестрите во дивина пуштиле два коња за кои се верува дека се предци на денешните диви коњи.