Кејт Аптон со своите 20 години има впечатлива кариерата на супер модел. Еден од најбараните модели е обожувана и од Американците. Атрактивниот модел неодамна беше снимен во „жешкa” реклама за синџирот на ресторани за брза храна. Според многумина ова е една од најсекси рекламите.
Кејт ужива во хамбургер додека се „протегнува“ во секси пози во нејзиниот автомобил, и се ослободува од крпчињата облека.
Таа призна: Јас не носам гаќи!
Но, не сите го делат истото мислење за Кејт и спорната реклама.
„Се надеваме дека овој вид на говедско месо е друга врста од Кејт, инаку би можела да има проблеми со законот. Канибализам е нелегален”, напишаа анорексичните на нивниот сајт.
Аптон ја стекна славата кога се соблече за познатиот американски магазин „Спорт“ и американците се вљубија во нејзините облини.