(ВИДЕО) Русин украл надзорна камера во Украина и ја донел дома како сувенир: Се снима секое негово движење

Од:

Од почетокот на руската инвазија на Украина, има десетици случаи на кражба на цивилен имот на Украинци од страна на војници од Москва. Војниците на рускиот претседател Владимир Путин често крадат работи за кои ништо не знаат, па еден Русин украл надзорна камера која му била при рака и која сега го снима секое негово движење.

Имено, војник кој живее во Буратија украл камера за видео надзор од куќа во Лиман и решил да ја донесе дома како сувенир.

Но, очигледно тој не знае како да се справи со неа, бидејќи сопственикот на камерата сега има пристап до неговиот дом.

Имено, Русинот не ја ресетирал украдената камера, а сега нејзиниот вистински сопственик може да гледа што се случува во неговата куќа.

Сопственикот на камерата решил да создаде своевидно „мини-реалити шоу“ и секојдневно на социјалните мрежи споделува снимки од семејната куќа на руски војник, кои сега се користат и за правење шеги на Украинците.