ВИДЕО: Рација на два имота на раперот Пи Диди, сомнежи за сексуална трговија со малолетници

Од:

Американски федерални агенти извршија рација во домовите на раперот Шон Комбс (познат по уметничките имиња Пи Диди, Паф Деди итн.), во Лос Анџелес и Мајами. Претставникот на полицијата соопшти дека сѐ тоа е извршено како дел од „тековната истрага“.

Американските медиуми наведуваат дека се работи за обииненија за сексуална трговија со малолетници. РИКО обвиненија како и подготвување малолетници за подведување за секс.

Според наводите во тамошните медиуми, во полициските дејствија во Лос Анџелес синовите на Комбс биле приведени вон домот, како што е вообичаено во вакви околности, а потоа се ослободени без обвинение.

-Претходно денеска, Управата за истраги и државна безбедност (ХСИ) за Њујорк изврши дејствија за спроведување на законот како дел од тековната истрага, со помош од ХСИ за Лос Анџелес и ХСИ за Мајами и нашите тамошни партнери за спроведување на законот. Ќе обезбедиме дополнителни информации кога тие ќе станат достапни, рече гласноговорникот.

Неофицијални извори, запознаени со ова прашање, наведуваат дека се работи за наводна можна трговија со луѓе. Во истрагата сѐ уште не е поднесена кривична пријава.