ВИДЕО: Отворено Светското параглајдинг првенство, денеска почнува натпреварот

Од:

Вчера, 05.08.2019, во градскиот парк се одржа отворањето на 16-тото Светско првенство во параглајдерство кое ќе трае до 18 август со 150 учесници од рекордни 49 земји.

Меѓу другите на отворањето се обрати градоначалникот на општина Крушево и пред присутните порача дека Крушево ќе продолжи да работи на унапредување на условите за развој на параглајдингот со цел Крушево да стане најдобра дестинација за авантуристички туризам.

„Чест е да бидеме домаќини на едно вакво првенство многу важно за нас како домаќини и вие како учесници. Сакам да знаете дека продолжуваме да ги унапредуваме условите за развој на параглајдинг во Крушево затоа што наша амбиција е градот да стане најдобра дестинација за овој спорт во светот“, рече градоначалникот на општина Крушево.

Во градскиот парк Крушево учесниците и крушевчани се забавуваа со настапот на групата Фолтин, што претставува уште една традиција кога се организираат вакви првенства.

Би можело да ве интересира

Од петтти август Светско параглајдинг првенство во Крушево

Татјана Ташкова