ВИДЕО: „One Direction“ изненадија во живо од трговски центар

Од:

Додека некои како „луди“ трошат цело богатство да ги видат во живо членовите на тенејџерската рок атракција „One Direction“, двајцата од нив Наил и Лиам настапија „случајно“ во еден трговски цетар на општо изненадување на купувачите.

Тие отпеаа неколку од нивните познати песни, вклучувајќи ја и What Makes You Beautifu во неколку верзии.

Со ова „One Direction“ на некој начин ја прославија продажбата на 12 милиони нивни музички плочи низ целиот свет оваа недела, притоа ги надминаа сите британски бендови, вклучувајќи ги и Arctic Monkeys, Kasabian и Noel Gallaghe сите заедно.