Видео: Ноќна мора за сите возачи на автопат

Од:

Возачите на автопатот во Мисисипи доживеаја моменти од кои замрзнува крвта во жилите.

Со километри траеше смртоносното возење во спротивен правец, со брзина поголема од 100 км. на час, а автомобилите кои наидуваа со маневри се спасуваа од судар.

Во удрениот автомобил се наоѓаа 7 годишно девојче и нејзината мајка кои за среќа поминаа со полесни повреди. До возење во спротивен правец дошло заради здравствените проблеми на возачот кој во овој инцидент го скрши рамото.