Видео: Наставник бегал со колата и се забил во куќа

Од:

Полициската потера по наставникот Кип Арнолд од Лос Анѓелес, обвинет за злоставување малолетник, нагло заврши кога изгубил контрола над возилото и се забил во блиската куќа. Наставникот вработен во средно училиште на југоистокот на Лос Анѓелес, се обидел да побегне со својот црн камионет откако полицијата го стопирала заради обвинението за злоставување малолетник.

Снимката од воздух покажува како возилото слета од патот и се заби во куќа. Арнолд половина час бил заробен во удреното возило по што бил префрлен во болница каде заздравува.