(ВИДЕО) Метеорит удри во Месечината

Од:

Метеоритот удри во близина на кратерот Иделер Л, северозападно од кратерот Питискус. Јапонскиот астроном Даичи Фуџи, куратор на Градскиот музеј Хирацука, го снимил блесокот на метеорит кој удира во Месечината. Овој космички настан се случи на 23 февруари во 20:14 часот по јапонско време (12:15 по наше време).

Метеорите се движат со просечна брзина од околу 48.280 km/h. При ударот поради големите брзини се создава интензивна топлина и се формира кратер, односно се случува еден вид експлозија, па вакви настани доколку се доволно големи и доколку се случат во текот на лунарната ноќ на страна на Месечината свртена кон нас, може да се види од Земјата.

„Новоформираниот кратер би можел да биде со дијаметар од десет метри и веројатно би можел да биде снимен од Лунарниот извидувачки орбитер на НАСА или индискиот Чандрајаан 2“, рече Фуџи, објави Space.com.

Иако метеорите влегуваат во нашата атмосфера секој ден, огромното мнозинство од нив согоруваат при влез. Но, Месечината има многу тенка егзосфера, што значи дека метеорите кои нема да стигнат до површината на Земјата обично ја погодуваат Месечината, додавајќи нов сегмент на нејзината живописна површина со кратери.