Американската ѕвезда Кети Пери влезе во историјата вчера кога полета во вселената со уште пет познати жени, а сега е објавена снимка од вселенската капсула.
Пејачката со себе понела маргаритка, а во капсулата премиерно ја прикажала листата со песни што ќе ги изведе на турнејата Lifetimes. Но, ништо не можеше да се прочита, а луѓето почнаа масовно да ја исмејуваат поради нејзиниот „патетичен маркетиншки обид“.
„Значи, ова беше само маркетиншки трик за албумот?“, „Какво губење време, енергија и ресурси“ и „Кога кариерата ти е толку мртва што ни нултата гравитација не може да ја подигне“, се само дел од коментарите.
Освен тоа, луѓето ја исмејувале поради тоа што во вселената била само четири минути.
“Ова траеше помалку од паузите кои Селена Гомез ги прави од социјалните мрежи. Плачев”, “Четири минути. Толку долго беа во вселената” и “Што е поентата на ова?” напишаа тие.
Кога се вратиле од вселената, Пери ја бакнал земјата, што некои го искористија за шега.
„Зошто ја бакна земјата кога се врати откако беше таму горе толку кратко време? напишаа, а некој сподели клип од цртаниот Сунѓерот Боб со натпис: „Патувањето на Кети Пери во вселената“.
Покрај Пери, во вселената беа и американската новинарка Гејл Кинг, свршеницата на Џеф Безос, Лорен Санчез, поранешниот научник за ракети на НАСА Ајша Боу, активистката Аманда Нгујан и филмската продуцентка Керијан Флин. По мисијата социјалните мрежи беа преплавени со критики, а мисијата ја критикуваше и манекенката Емили Ратајковски.