ВИДЕО: Кејт Хадсон вежба јога со двегодишната ќеркичка

Од:

Американската глумица Кејт Хадсон, која е на почетокот на петтото десетлетие од својот живот, ги почести своите следачи на Инстаграм со видео од себеси како вежба јога во долна облека.

Но, она што дополнително го привлече вниманието на нејзините следачи, беше нејзината 2-годишна ќерка Рени Роуз која по секоја цена сака да ѝ попречи на мајка сѝ. Хадсон ја има ќерка ѝ од врската со сегашното момче – музичкиот продуцент Дени Фуџикава.

Хадсон претходно, од 2011. до 2014 година, беше свршена со рокерот Мет Белами, со когошто го имаат синот Бингам.