ВИДЕО: Им објавија на пријателите дека раскинуваат преку песна на YouTube

Од:

Двојка од Бруклин реши на специфичен начин да објави дека ја раскинале врската, преку песна објавена на YouTube.

Песната што ја пеат Ајвори и Џонатан ги содржи причините за распадот на нивната љубовна врска: тој сакал деца, таа не.

„Не сакавме преку Фејсбук да направиме само промена на статусот па потоа на пријателите посебно да им објаснуваме зошто сме го сториле тоа бидејќи така може да биде многу болно“ вели 30 – годишниот Џонатан Ман.

Поентата на видеото е дека тие се уште се сакаат, но овој воз запрел.

Тие биле во врска цели 5 години и сепак на пријателите им посочуваат да не ги заборават туку да ги поканат на нивните забави.

Видеото веќе стана интернет сензација со 34.000 посети само во текот вчерашната вечер.