Францускиот „летечки“ човек, иноваторот Френк Запата денеска првпат во историјата го прелета Ламанш на својот изум – „флајборд“. Првиот обид на Запата, пред една недела, беше неуспешен откако тој ја промаши платформата на која требаше да наполни гориво. Денеска тој се обиде вторпат и успеа во намерата.
Запата за 20 минути прелета 36 километри од Сангаре, што се наоѓа во близина Кале, Франција до Заливот на Света Маргарета во близина на Довер, Англија.