Пејачката Џенифер Лопез, која е на прагот од шестата деценија, објави нов музички спот за песната “Medicine” во соработка со реперот Френч Монтана.
Спотот изобилува со блескави и брзи кадри на рингишпил и брилијантен танц на шипка.
Во малку повеќе од 4 минути Џенифер менува 7 костими.
И покрај гламурот со кој изобилува спотот, фановите сметаат дека претерала.