ВИДЕО: Дубиоза колектив влезе во загрепски трамвај и направи шоу

Од:

Дубиоза колектив ги изненади загрепчани со концерт во трамвај.

На клучката Љубљаница влегоа во трамвај број 12 и им свиреа на патниците. Со нив беше и хармоникашката Стела Раде. Патниците во трамвајот пееја и играа со Дубиоза, а трамвајот редовно сообраќаше и застануваше на секоја станица и прибираше нови воодушевени патници.

Концертот го започнаа со хитот Волио БиХ, а потоа само се редеа нивните хитови. Посветија и една песна на возачите, пишува Index.hr