ВИДЕО: Девојката провоцираше слон со банана, па ја фрли неколку метри во воздух

Од:

На девојка во Индија ја нападна голем слон откако го провоцираше со банана. На снимката од нападот може да се види како девојката му нуди банана на огромното животно, но потоа одеднаш ја повлекува раката токму кога слонот сакаше да ја земе. Се гледа како таа се насмевнува и се забавува, но слонот ја сфати измамата и наеднаш замавна со забите и сурлата ја фрли девојката во воздух.

Пријателот кој го снимал видеото се исплашил и ја испуштил камерата. Непосредно пред нападот на слонот, се слуша дека девојката вели: „Колку кул“. Снимката од инцидентот беше споделена на социјалните мрежи од Сусанта Нанда, која е службеничка на индиската шумска служба и често споделува интригантна содржина за дивиот свет на интернет.

„Не можете да измамите слон иако е припитомен. Слоновите се едни од најинтелигентните животни во заробеништво“, рече Нанда. Видеото предизвика многу коментари и многумина беа загрижени за здравјето на девојката.

„Се надевам дека го преживеала нападот“, напиша еден корисник. Сигурно претрпела неколку скршеници“, додаде друг корисник. „Луѓето треба да сфатат дека дивиот живот е величенствен и мораме да го почитуваме нивното битие.. Да не бидеме арогантни кон нив и да го внесеме нашето човечко однесување во нивната аура“, додаде трет корисник.