Видео: Цветен тепих во центарот на Брисел

Од:

Околу 600.000 бегонии, одгледувани во Белгија, се употребени во создавањето на цветниот тепих, инспириран од ткаенините од Нигерија, Камерун, Боцвана и Етиопија. Посетителите ке можат да го гледаат овој цветен тепих на Големиот плоштад во Брисел до недела, а за подобар поглед од терасата на Собранието ќе мора да платат 5 евра.

Во создавањето на цветниот тепих кој се простира на 1800 м2 учествувале 100 доброволци.

Прочуениот тепих од цвеќиња стана традиција од 1971 година и се наоѓа на листата на светското наследство на УНЕСКО.