Не ни е невидено и непознато луѓето постојано да си го заработуваат лебот на улица, изведувајќи различни перформанси или музички точки што треба да допрат до срцата на минувачите.
Но, помалку невообичаено е да се прави листа на најбараните музички нумери, а гласањето да биде со оставање на некоја паричка. Сето тоа, пак кога ќе се спои со млади музичари кои добро свират на виолина изгледа како вистинско уживање понудено на улиците во Бруклин.
Минувачите можат да изберат што има на репертоарот и таму да остава паричка, а покрај тоа ги чекаат и многу изненадувања.
Во описот на видеото стои дека сите собрани средства ќе бидат инвестирани во непрофитна организација која ги поддржува „уметностите на различни групи на луѓе“.