(ВИДЕО) Брачен пар 18 години живее со горила

Од:

Повеќето луѓе би сакале мачка или куче како домашно милениче, но Пјер и Елиан Тивијон се одлучиле за нешто сосема друго.

Тие веќе 18 години живеат со горила по име Диџит, која немала ниту два килограми кога ја зеле како бебе. Во меѓувреме прилично пораснала, но и понатау бара помош за се од брачниот пар што ја усвоил.

Пјер и Елијан кои живеат во околината на Лион, имаат приватна зоолошка градина и знаеле дека преземаат голема одговорност. Додека Диџит растела не смееле да ја остават сама, што значи дека 13 години не отишле никаде.

-Не можеме да ја оставиме преку ноќта со некој друг, што значи дека 13 години не сме излегле никаде, рече Пјер.
За тоа време не оделе на годишен одмор и ниедна вечер не биле надвор од куќата.

-Не сме отишле во кино, во театар или на вечера. Диџит беше многу тажна ако видеше дека не нема, а кога е тажна таа, тажни сме и ние, вели Пјер.

Сега е малку постара, па и направиле ограден простор покрај куќата за да и помогнат да се осамостои. Иако е сега преголема за да спие со нив, од време на време се обидува да им се вовлече во кревет.