ВИДЕО: Бебето кое го фати докторот за прст за време на породувањето

Од:

Бебето кое при породувањето го фати лекарот за прст ги воодушеви луѓето ширум светот и стана вистинска интернет сензација. Нејзинтие родители Алисиа и Ренди Аткинс кои станаа навистина барани по објавувањето на фотографијата на Фејсбук, го открија идентитетот на девојчето и нагласија дека нејзиното име е Nevaeh палиндром од зборот “Heaven”, одностно “Рај”, пренесува “Mainline Media News”.

Сензационалната фотографија ја направил нејзиниот татко. Гордите родители фотографијата ја ставиле на платно и ја подариле на гинекологот Алан Савјер кој девојчето го фатило за прст.