САД по трет пат го освоија олимпиското злато во кошарка, Американците ја победија Србија во финалето со 30 поени разлика.
Водителот и комичар Конан О’ Брајан на почетокот на неговата емисија им прикажа на гледачите како изгледаше мечот помеѓу Американците и Србите.
Тој објасни дека поради авторски права не може да го пушти видеото од мечот, па во студиото организирал два тима за да ја доловат американската доминација.