Венеција: Казни за непристојните туристи

Од:

Дванаесет златни правила за однесување на гостите воведоа властите во италијанскиот град Венеција. Оние што ќе фи прекшат ќе треба да платат казна од 25 до 500 евра, соопшти здружението на руските туроператори.

Наместо претходните 50 евра за капење во каналите ќе се плаќаат 500 евра. За прошетка во градот по костим за капење или со разголено тело глобата станува 200 евра. По 100 евра ќе се земаат од секој кој прави пикник на јавно место или вози велосипед во пешачки зони.

Предвидени се казни и за пишување по споменици (400 евра) и оставање ѓубре (25 евра).

Туристите ќе бидат информирани за 12-те правила преку нова кампања во социјалните мрежи, како и со пораки и постери на сајтот на општината, на билборди и во местата каде што има најголем број луѓе .