Вашето лице е огледало на вашето здравје

Од:

Огледалото може да ви каже многу повеќе од тоа, дали имате лоша фризура.

Ако обрнете повеќе внимание и се загледате во неправилностите на усните, веѓите и кожата на лицето, без размислување за посета на козметички хирург, можете да спречите развој на некоја посериозна болест.

Јазик

Погледни го јазикот, тоа е еден од најлесните начини да го проверите вашето здравје. Ова е еден чувствителен орган, најмногу подложен на промени и може да укаже на многу неправилности во телото.
Здрава, розова боја покажува правилно излачување на плунковните жлезди. Кога јазикот се претвора во виолетова боја тоа е показател на воспаление , инфекција, а бел јазик укажува на анемија или ниска телесна функција.
Густи слој на јазикот покажува нерамнотежа во системот за варење, пожолтувањето обично укажува на инфекција во организмот. Исто така, тоа е показател за недостаток на витамини.

Веѓи

Веѓите не се само украс.
Густите , па дури и диви веѓи се најпосакуваните. Ако ги изгубите вашите веѓи или нивната густина, состојбата на организмот не е добра. Треба да направите испитување на крвта која ќе ја покаже рамнотежата на хормоните. Покрај тоа, промени на кожата меѓу веѓите ја покажува лошата функција на црниот дроб.

Усни

Усните се направени од најтенките слоеви кожа, кои се најмногу подложни на промени. Сушење, пукање и други површински промени се знак за аларм. Оваа состојба обично е поврзана со недостаток на железо и витамин Б во вашето тело. Тогаш јадете црвено месо, спанаќ , соја а витамин Ц, кој помага, вашето тело подобро да го апсорбира железото.

Хронично сува уста е знак на дехидратација, бели дамки на рабовите на усните се знак на габична инфекција. Не ги игнорирајте промените на усните.

Очи

Чиста и светла боја на окото, со чисти линии се индикатори за здраво око.
Водени очи често се предизвикани од вирусни инфекции, леплива течност на краевите на окото укажува на бактериска инфекција.
А за твоите очи се неопходни витамини и минерали за одржување на нивната функција и здравје. Неодамнешните студии покажаа дека луѓето кои имаат проблеми со очит, можат да си помогнат со земање на антиоксиданс со цинк, селен, витамин А, Ц и Е.