Убиец на конкуренцијата: Кинескиот електричен автомобил нереално евтин

Од:

Кинеската марка Wuling има модел кој веројатно уште долго ќе биде еден од најевтините на пазарот.

Станува збор за поприфатлива верзија на нивниот популарен електричен модел Wuling Bingo, кој чини само 7.850 долари. Но и најскапото Бинго чини нешто помалку од 12.000, со што и тоа не е скапо.

Оваа најевтина варијанта, има домет нешто поголем од 200 километри, а со димензии 3950mm x 1708mm x 1580mm, јасно е дека се работи за мало градско возило.

Не се штедело на технологијата, ако се спореди со цената – има екран од 10,25 инчи, како и Bluetooth и автоматско паркирање.

Најевтината верзија има мотор од 30 kW и максимална брзина од 100 km/h. Овој мал автомобил е достапен во Кина и на неколку други пазари (на пример Филипини), но се уште нема информации дали ќе пристигне во Европа.