Убавата мисица пaдна од трети кат: „Повредите беа катастрофални“

Од:

Зои Созо Бетел почина на 28-годишна возраст откако падна од третиот кат на зграда во Мајами.

Мис Алабама, Зои Созо Бетел почина откако се здобила со катастрофални повреди на мозокот кои ги добила кога паднала од прозорец на третиот кат од зграда во Мајами, а тажната вест ја потврдиле членовите на нејзиното семејство.

Полициската управа во Мајами првично го истражувала случајот и смртта на Зои како обид за самоубиство,: но по завршувањето на истрагата било утврдено дека се работи за несреќен случај.

„Секоја година од нејзиниот живот растеше и стануваше поуспешна, а штотуку започна. И ако имаше избор, таа и денес ќе беше тука со нас. Ова беше ненадејна и многу трауматична ситуација за нашето семејство и можеме да замислиме како шокантно ќе биде за сите што ја познаваат и се грижат за неа“, напишаа членовиtw на нејзиното семејство на Фејсбук.

Освен по титулата мис, Бетел била позната и по своите конзервативни убедувања, а според странските медиуми, во 2018 година наводно поради тоа и бил раскинат договорот на ревија на манекенки.

Имено, Фокс њуз пренесува дека Урсула Видман Моделс и испратила мејл во кој ја известиле дека повеќе нема да работи со нив поради нејзините расистички политички врски. Бетел изјави за Фокс дека тоа е затоа што ја објавила својата фотографија со Доналд Трамп Јуниор.