Познатата американска музичарка Ники Минаж е уапсена денеска на аеродромот во Холандија, неколку часа пред нејзиниот закажан концерт во англискиот град Манчестер.
Минаж напиша на платформата X дека „тврдат дека нашле трева“, пренесува Sky News.
Портпаролот на холандската полиција Роберт ван Капел потврди дека „41-годишна Американка е уапсена на аеродромот Шипхол поради поседување лесна дрога“.