Тој има 56 години, милиони и ќерка на нејзина возраст, а таа тврди: Не се срамам

Од:

Алана Лук и нејзиниот вереник Џеф Вин се неразделни од втората средба во Марбеља, каде Џеф и купил дијамантски обетки за нејзиниот роденден. Таа тврди дека нивната љубов е искрена

Таа е 23-годишнна девојка која сака убави работи во животот, а тој е милионер кој е двојно постар од неа и поседува вила со 11 спални соби. Алана Лук и нејзиниот вереник Џеф Вин тврдат дека ја пронашле вистинската љубов.

Двојката е неразделна од нивниот втор состанок во Марбеља кога Џеф на поранешната туристичка агентка и купил пар дијамантски обеткиза нејзиниот роденден.

„Не може да се негира дека Џеф изгледа многу постар од мене, што може да ги натера луѓето да превртуваат со очите кога ќе не видат“, вели таа. „Тие автоматски претпоставуваат дека сум само уште една девојка која ги брка неговите пари. Не ги обвинувам бидејќи тоа би била и мојата прва мисла.

Откако парот се запозна во 2020 година, Аланa доби Ауди ТТ, часовник Ролекс, дизајнерски чанти и беше на одмор во Барбадос и Тајланд.

Алана вели дека е подготвена да потпише предбрачен договор пред да се венчаат и да се откаже од правата на вилата – поранешно училиште за девојки во Дезмонд, „Њукасл-на-Тајн“, каде што двојката има слугинка со полно работно време, чувар, шанкер и тројца градинари.

Алана, која вели дека отсекогаш сакала постари мажи, го запознала Џеф на Тиндер во ноември 2020 година.

Таа вели: „Решив да го зголемам бројот на години на мојот Тиндер бидејќи ми беше доста од незрели момци на моја возраст. Го ставив на 25-60-годишници, а следниот ден се споив со Џеф. Неговата биографија вели дека тој штотуку завршил со реставрацијата, па мислев дека би било добра приказна да им ја кажам на моите пријатели, дури и ако не успее“.

Во Шпанија, парот најпрво си изјавил љубов еден на друг. Алана вели: „Требаше да бидеме таму само една недела, но на крајот останавме 17 дена. Бев толку шокирана кога Џеф ми даде обетки и ми рече дека потрошил премногу пари бидејќи се знаеме само една недела. Но, јас бев пресреќна поради неговиот подарок. Џеф во Марбеља ми рече дека ме сака, а јас му возвратив како што знаев. Нема игри со постари. Тие не кријат како се чувствуваат. Спиевме заедно на одмор за прв пат. Неговата возраст секако не направи разлика“, рече таа.

Кога парот се врати од Шпанија, Џеф ја поканил Алана да се пресели кај него и оттогаш се заедно. Алана сега работи како асистент на Џеф, склучувајќи договори за недвижен имот.

На 2 јуни, Џеф ја запроси Алан. Таа веќе разговарала со него за потпишување на предбрачен договор. Алана вели: „Тој не мисли дека е потребно, но посакувам да има мир“.

Таа ги запознала двете возрасни деца на Џеф, Нина – која е на иста возраст со неа – и неговиот син Џош (21).

Алана вели дека таа и Нина често излегуваат заедно во клубови додека со Џош „добро се сложува“ и ја запознала бившата на Џеф.

Таа вели: „Мајка ми е многу возбудена – секогаш сакаше да го имам овој живот од бајка. Ме споредува со Џулија Робертс од „Убава жена“.