Татко по петти пат: Џејми Оливер доби син

Од:

Популарниот британски кувар, Џејми Оливер и неговата сопруга Џулс станаа по петти пат родители, а радосната вест Џејми ја сподели на Инстаграм.

-Луѓе, а потоа ова се случи! Момче! Сите во семејството Оливер се среќни поради ова мало изненадување, напиша на Инстаграм и додаде:

-Мама Џулс беше неверојатна, многу мирна, се породи по природен пат и моите две најстари девојчиња дојдоа на крајот, кога бебето веќе се роди, беше преубаво да се присуствува, напиша славниот кувар на Инстаграм.