Сребрени обетки – совршен подарок за секоја пригода

Од:

Припадничките на понежниот пол, кои по природа се романтични и нежни, попрво ќе изберат сребрени отколку златни обетки.  Причината е едноставна.  Самата сребрена боја е едноставна и во исто време доволно ефикасна за да привлече внимание.  Сребрените обетки се дискретни, особено ако се одлучите за обетки со клин, а за дамите кои сакаат да бидат во центарот на вниманието, совршен избор можат да бидат обетките дополнети со циркони.

Во сите добро снабдени продавници за накит, можете да најдете сребрени обетки за секоја пригода, од класични, не премногу светкави до висечки или  обетки алки кои се многу впечатливи.

 Зошто сребрените обетки се одличен подарок?

Денот на вљубените е одлична прилика да ја израдувате вашата сакана со уникатен подарок, како што се сребрените обетки. Накит кои може да се најде во секоја блиска златара или продавница за накит, по цени за секого.

Станува збор за прифатлив накит кој никогаш не излегува од мода, исто како златото.  Кога ќе купите некому пар сребрени обетки, вие всушност покажувате колку се грижите за вашата сакана личност.  Секој накит од изработен од благороден метал нема да остави рамнодушна ниту една дама, без разлика за кое парче накит станува збор.

Ако се ближи годишнината од вашата врска или брак, заедно со романтична вечера, почестете ја вашата поубава половина со пар оригинални уникатни сребрени обетки и со овој гест, ќе ја восхитите, особено ако подарокот го изберете со многу љубов и емоции.

 Како да изберете идеален модел на обетки?

Ако мислите дека е лесно да се изберат совршени сребрени обетки кои одговараат на секого, погрешно сте мислили. За почеток, треба да знаете дека еден модел не одговара на сите подеднакво и постојат одредени разлики во нивното носење.

Совршени обетки се оние кои се вклопуваат во вашиот секојдневен стајлинг, ги следат контурите на вашето лице и прават да изгледате женствено.

За да направите добар избор, ви даваме неколку совети кои можат да бидат корисни без разлика дали купувате сребрени обетки за себе, за мајка, за сестра или за пријателка.

 Изберете обетки според обликот на вашето лице

Дали знаете зошто истиот модел на обетки не им одговара на сите жени исто? Тоа е  поради различниот облик и контурите на лицето.  Ако спаѓате во групата на луѓе со овално лице, добро за вас!  Жените со овално лице можат да носат различни модели на сребрени обетки, од класични обетки до големи алки.  Која должина на обетката и да ја одберете, нема да направите погрешен избор.

 Висечките обетки се посоодветни за тркалезно лице

Доколку лицето ви е тркалезно, треба да ги изберете оние модели на обетки кои ќе го свртат целото внимание на вашиот врат.  Оваа група секако вклучува различни модели на висечки обетки.

Обетките со клин одговараат на лице во облик на срце

Совршен избор за жени со лице во облик на срце може да бидат обетките со клин, но и обетки кои се потесни во горниот агол, а пошироки во долниот агол, обетки во форма на купе, пирамида итн.

 На кои жени најмногу им одговараат сребрени обетки?

Сребрените обетки дефинитивно повеќе им одговараат на жените со руса коса и посветол тен отколку, на пример, дамите со потемна коса и потемен тен, на кои одлично им стои златен накит.

Ако имате темна коса и светол тен, можете да изберете од таа опција.  Таквите жени можат да носат и сребрен и златен накит.

ПР Текст