Современа бетонска куќа во форма на був

Од:

Архитектот Мун Хон во јужнокорејскиот град Бусан изгради несекојдневна бетонска куќа на четири ката, која со својот изглед потсетува на був. 

Импозантната бетонска структура има одбранбен и заштитнички изглед со внимателно одбрани места за вратите и прозорците, преку кои се пружа поглед кон околината, но во исто време се обезбедува и приватност на станарите на куќата.

Покривот и горниот кат на куќата потестуваат на глава на утка, а нејзините долни катови се стилизирани како крила на птицата. Прозорците на горниот кат во текот на вечерните часови, при упачени светла, потсетуваат на очи на бувот. 

Во призмејето на куќата се сместени заедничките помошни простории и гаражата, а на катот над нив се трпезаријата, кујната и просторот за перење и сушење алишта.

На следниот кат е сместана пространа дневна соба од која се излегува на тераса, како и голема бања, додека на последниот кат се наоѓаат спалните соби.