Ли Роџерс (34) од округот Дурам (Англија) почина од фатален анафилактичен шок набргу откако лекарите од Универзитетската болница во Северен Дурам и дадоа боја, или подобро кажано, контрастно средство, пред КТ скен за испитување на апсцес на забот.
И покрај обидите за реанимација, Роџерс, мајка на едно дете, е прогласена за мртва 90 минути подоцна.
Сега нејзината ожалостена мајка, Пем Роџерс (56) ја обвинува NHS за одложувањата што довеле до нејзината трагична смрт.
Ли Роџерс била принудена да побара итна медицинска помош поради инфекција на забот, откако не можела да закаже преглед за стоматологија поради огромните листи на чекање. Одложеното лекување доведе до ширење на болка во вратот и градите, поради што лекарите се посомневаа дека се работи за ангина на Лудвиг – бактериска инфекција опасна по живот која може да биде предизвикана од инфекција на забите.
Поради тие сомнежи, беше извршена КТ скен и беше дадена боја – контрастно средство – што на крајот ја предизвика нејзината смрт.
„Да можеше да направи стоматолошки преглед, немаше да биде мртва. Секогаш кога ќе ги затворам очите, ја сонувам ќерка ми во ковчег“, вели нејзината мајка Пем.
Нема докази за ангина на Лудвиг во резултатите од КТ скенирањето, како што беше објавено во истрагата на 19 февруари 2025 година.
„Не го прифаќам изговорот дека работниците биле премногу зафатени. Нема ништо што ќе ги спречи да ги објаснат ризиците. Сакам да ја подигнам свеста за ризиците од контрастните средства и за проблемите во NHS“, рече таа.