Шокантна снимка на претставничката на Израел: Вежба за финале со „Слобода за Палестина“

Од:

Израелската претставничка се пласираше во финалето на Евровизија, а тоа разбесни илјадници евровизиски фанови. Младата пејачка во текот на целиот настап беше исвиркувана од публиката, а откако се пласираше во финалето социјалните мрежи зовреа. Сепак, тоа не беше крајот.

Веднаш по објавувањето на резултатите од полуфиналето, Израел скокна на евровизиските обложувалници и сега е втор фаворит веднаш зад Хрватска.

На социјалната мрежа „Х“ сега се шири видео од пејачката Еден како ја вежба да пее додека нејзиниот тим свирка, извикува „бууу“ и „Слобода за Палестина“. Видеото стана вирално за неколку часа и исто така налути дел од јавноста која смета дека Израел не треба да учествува на Евровизија.