Се одржа вториот саем за деца Kid Expo

Од:

На 30 и 31 Март во Александар Палас се одржа вториот саем за деца Kid Expo.

Првиот настан од ваков тип кој ги нуди сите активности и услуги поврзани со децата под еден покрив. Од најдобрите производи за деца до врвни едукативни установи, предавања, активности за градење на карактерот на детето, до спортски забавни и театарски дела.
Годинашната сцена ја збогатија и едукаторите од Неуроклиник-Советувалиште за здрав раст и развој, ментално здравје, рана детекција, интервенција и стимулација на деца, адолесценти и возрасни.

На големата сцена м-р Катерина Димова како специјален едукатор и семеен систмески советник, некој кој што во секојдневната пракса ја употребува семејната системска психотерапија, отворено зборуваше за тоа како дистанцираниот однос во партнерството создава предизвици во родителството.

-Со чувство на гордост и исполнетост ќе споделам дека заедно со моите колеги во секојдневната работа ја применуваме индивидуалната и групната работа со деца, како со деца со атипичен развој така и со деца со типичен развој. Во склоп на советувалиштето работиме психолошко советување и психо-едукација со различни возрасни групи и различни проблематики, брачни советувања и предизвици во партнерство, анксиозност, стрес, панични напади, надминување на одредени предизвици и животни настани, загуба и справување со истата.

Чест и задоволство наше е да сме дел од настан од овој тип. Успеавме да ја пренесеме главната порака, а тоа е дека е потребно работа со целото семејство не само со децата, додаде м-р Катерина Димова, специјален едукатор, семеен системски советник, основач на Неуроклиник.
Овогодишниот саем се збогати токму со нивната презентација каде што за прв пат во нашата држава на големата сцена се оддржа role play-психолошко советување на младен брачен пар. Публиката имаше можност во живо да следи како се одвива едно семејно советување, со цел де се скршат сите табуа кога станува збор за барање на стручна помош.

Младите специјални едукатори Дарја Аврамовска и Бојан Џамбазов во улоги на млад брачен пар успешно ги презентиираа најчестите предизвици во секојдневното живеење на секој родител.

-Искуството е преубаво, позитивните коментари кои што ги добивавме после самата презентација ни потврди дека сме успеале да допреме до секој учесник кој што беше присутен. Нашата цел е да пренесеме уште една многу важна порака, а тоа е дека проблемот не е во децата, зборува младиот едукатор Дарја Аврамовска.

Во текот на денот стручните лица од советувалиштето одржаа работилница за деца од 8-12 години на која што главна тема беше Како си?-Детектираме како се чувствуваме, го валидизираме нашето чувство но и чувството на нашето другарче.

-Насмевките на лицето, забавата, чувството на безбедност и отвореноста на децата да зборуваат за тоа како се чувствуваат, креативноста која што ја споделија со нас, беше нашиот најголем аплауз, со чувство на исполнетост зборуваше младиот едукатор Бојан Џамбазов.