Продуцентот кој ја трансформираше поп музиката почина во затвор

Од:

Музичкиот продуцент Фил Спектор почина во затвор на 81 година. Спектор отслужуваше затворска казна за убиство. За него се смета дека ја трансформираше поп музиката, работеше со Битлс и со Тина Тарнер.

Во 2009 година беше осуден за убиството на актерката Лана Кларксон која беше пронајдена мртва во неговиот дом во Алхамбра. Тој твдреше дека починала играјќи си со пиштолот, но во текот на судењето повеќе девојки сведочеа да им се заканаувал со огнено оружје. Првото судење беше неуспешно, на второтo беше осуден и доби долгогодишна затворска казна.

Во текот на кариерата продуцираше голм број хитови, особено беше успешен во периодот од 1961 до 1965 година. Неговите медтоди на продуцирање имале силно влијание на Бич бојс и на Брус Спрингстин. Сепак поради зависноста од дроги и алкохол ја прекина кариерата.