Полина Тасева го претстави својот најнов видеозапис за синглот „Сцена“

Од:

Полина Тасева го претстави својот најнов видеозапис за синглот „Сцена“, кој беше изведен на последното издание на фестивалот Макфест. Песната, која веднаш привлече внимание со својата моќна мелодија и емоционален настап, сега добива и впечатливо визуелно надополнување.

Музиката, аранжманот и продукцијата се дело на Димитар Андоновски, додека текстот е напишан од Александар Тарабунов. Видеоспотот е реализиран во продукција на 77 Entertainment, под режија на Владислав Гавриловски. Сценскиот изглед и кореографијата носат модерен и динамичен израз, каде што стајлингот е доверен на Papaz, а кореографијата на Eat the Beat – Илија Карадаковски.

Со оваа песна и видеоспот, Полина Тасева уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон квалитетната македонска музика и ја зацврстува својата позиција на домашната музичка сцена. „Сцена“ комбинира сила, емоција и врвна продукција, создавајќи уникатно аудиовизуелно искуство.

Видеоспотот за „Сцена“ е веќе достапен на YouTube, а песната може да се слуша на сите дигитални музички платформи. https://www.youtube.com/watch?v=j-608DT0ctw