Почина Мајкл Чимино, режисерот на “Ловец на елени“

Од:

Режисерот на наградениот филм со Оскар, “Ловец на елени“, Мајкл Чимино почина во 77 година од животот.

Тажната вест синоќа прв ја соопшти извршниот директор на Филмскиот фестивал во Кан, Тјери фремо, а потоа и “Њујорк Тајмс“.

Причината за смртта не е наведена, само е познато дека Чимино бил пронајден во неговиот дом во Лос
Анџелец откако пријателите неуспешно се обидувале да го добијат на телефон.

“Ловец на елени“ има добиено пет Оскари, вклучувајќи го и тој за најдобар филм.