Американската модна икона и дизајнерка на ентериер Ајрис Апфнел почина на 103-годишна возраст.
Апфнел почина во петокот во нејзиниот дом во Палм Бич, Флорида. Таа се омажи за Карл Апфнел во 1848 година, а две години подоцна основале текстилна компанија, Old World Weavers, и ја воделе додека не се пензионирале во 1992 година.
Нивната работа вклучува проекти за реставрација за клиенти, вклучувајќи ја актерката Грета Гарбо и сопственик на познатата козметичка компанија Есте Лаудер, а таа работела во Белата куќа за девет претседатели, меѓу кои Двајт Ајзенхауер, Џон Ф. Кенеди, Ричард Никсон, Роналд Реган и Бил Клинтон.
Во 2018 година, компанијата Mattel создаде кукла Барби по нејзин имиџ, што ја направи најстарата личност која го инспирирала создавањето на познатата кукла.