Наместо традиционалните и популарните имиња, многу родители за своите деца сакаат да одберат име кое не се користи толку често. Во продолжение следуваат 15 женски и машки имиња кои можеби и не се толку непознати, но секако дека се уникатни, посебни и ретко слушнати.
Женски
1. Алегра. Од шпанскиот збор “алегре“ кој значи среќна и весела
2. Естер. Во стариот персиски јазик ова име значело “ѕвезда“.
3. Артемија. Верзија на името Артемида која во митологијата е позната како сестра на Аполон, божица на Месечината и заштитник на девојките.
4. Кора. Во грчката митологија Кора била една од ќерките на Зевс.
5. Розалија. Популарно име во Италија, Шпанија и Португалија кое настанало од зборот “роса“ кој знали “ружа“.
6. Ливија. Верзија на популарното англосаксонско име Оливија чие значење се поврзува со маслиновата гранка, симболот на мирот.
7. Геа. Од грчкиот збор “геа“ што во превод е “земја“.
8. Тила. Име од германско потекло и варијација на популарното име Матилда.
9. Ариа. Лавица во два древни јазици, арамејскиот и хебрејскиот.
10. Амелија. Варзија на името Амалија, латинизиран облик на старото германско име Амала.
Машки
1. Тибор. Во старите словенски јазици името Тибор значело “свето место“.
2. Виго. Скандинавско име кое значи “посебен“.
3. Оскар. Означува добар пријател.
4. Идрис. Велшко име со значење “страствен господар“. Во арапските култури означува “толкувач“.
5. Јона. Име кое се спомнува во библијата. Јона бил пророк кој преживеал три дена во утробата на кит.