„Пепси некст“ – пијалок со помалку шеќер и без вештачки засладувачи

Од:

Производителот на безалкохолни пијалоци Пепси лансира нов кола пијалок „Пепси некст“, со 30 проценти помалку шеќер и без хемиски засладувачи, како што е аспартам, пренесуваат француските медиуми.

Рекламно лице на новиот пијалок е познатат пејачка Бјонсе.

„Пепси некст“ содржи стевиа, билка што е природна замена за шеќер.

Поради вкусот, кој е причина за лошиот углед на компанијата, „Пепси“ не инсистира на апсолутно присуство на оваа состојка во новиот производ.

Дегустаторите оценуваат дека новиот пијалок има пријатен вкус и дека е речиси невозможно да се почувствува вкусот на стевиа.