Објавена е листата на подароци за кралското семејство: Ролс-Ројс за кралот Чарлс

Од:

Бакингемската палата објави официјален список на подароци што ги добиле членовите на британското кралско семејство помеѓу 2020 и 2023 година, а меѓу најзначајните е автомобилот „Ролс-Ројс“ што му го подарил на кралот Чарлс бахреинскиот крал Хамад бин Иса Ал Калифа.

Возилото „Ролс-Ројс Кулинан Серија II“, вредно околу 443.575 долари, е наменето за официјални државни цели, а не за лична употреба, објави „Скај њуз“.

Кралот го добил во мај 2023 година, за време на неговото крунисување.