Објавен нов трејлер за „50 нијанси потемно“

Од:

За претстојниот ден на вљубените – Св. Валентин, најавена е светската премиера на продолжението на мегахитот „50 нијанаси сиво“ – „50 нијанси потемно“.  

Во пресрет на премиерата, продуцентите објавија нов официјален трејлер за филмот, по оној кој беше претставен на почетокот на декември минатата година.

Во новиот трејлер, покрај инсертите објевени во претходното видео, се вклучени и нови сцени, кои вклучуваат маски, интриги и пиштоли, како и песната на Тејлор Свифт и Зејн Малик, „I Don’t Wanna Live Forever“.

Во ова продолжение Кристијан повторно се обидува да ја заведе Ана и да ја врати во својот живот, но таа ќе му постави услови пред да му даде втора шанса. Но, на повторната изградба на нивната меѓусебна доверба ќе влијае минатото на Кристијан, како и шефот на Ана…