Научниците во Кина пронајдоа фосил од птица стар 150 милиони години

Од:

Во југоисточна Кина, научниците открија фосил на птица со големина на препелица која живеела пред околу 150 милиони години за време на периодот Јура, објавија денеска кинеските медиуми, наведувајќи дека овој древен вид птици поседувал изненадувачки модерни карактеристики.

Новоидентификуваната птица, наречена Baminornis Zhenghensis, била долга околу 15 сантиметри, анатомски многу понапредна и подобар летач од Archeopteryx, претходно откриен фосил од периодот Јура, животно со големина на врана, со анатомски карактеристики на птици и влекачи, пренесува Reuters.

Баминорнис имал скратена опашка како модерните птици, важна аеродинамична иновација која помага да се придвижи центарот на масата на телото напред кон крилјата, според студијата објавена во списанието Nature.

„Птиците еволуирале од мали диносауруси со пердуви. Врз основа на новото откритие, гледаме дека првите птици се појавиле пред 172-164 милиони години, милиони години порано отколку што се верувало“, вели палеонтологот Мин Ванг од Институтот за палеонтологија на ‘рбетници и палеоантропологија на Кинеската академија на науките.

Би можело да ве интересира

Кинеска провинција забранува продажба на автомобили со фосилни горива, ќе промовира електрични возила

А1он

Откриен фосил на бактерија стар 4,2 милијарди години

Ана Ололовска

Догодина прва научна монографија за македонските фосили

Ана Ололовска

На каменолом откриени гробишта на диносауруси

Ана Ололовска

Пронајдена риба стара 419 милиони години

Емир Латифовиќ

Откриен мамут тежок десет тони стар повеќе од 10.000 години

Емир Латифовиќ