Наскоро ќе можеме да видиме космичка експлозија со голо око, се гледа еднаш во животот

Од:

Небесен танц меѓу две ѕвезди оддалечени 3.000 светлосни години ќе резултира со експлозија толку силна што ќе биде видлива со голо око со денови, изјавија астрономите од Универзитетот Нотингем Трент.

Експлозијата што се случува еднаш во животот во системот T Coronae Borealis ќе се појави како светла нова ѕвезда на ноќното небо пред да избледи и исчезне во следните 80 години. Професорот Даниел Браун објаснува дека овој небесен настан се нарекува „нова“, кога осветленоста на ѕвездата брзо се зголемува.

Според него, не е лесно да се предвиди кога ќе следи тој настан, но верува дека тоа може да се случи во било кое време до септември.

„Ни претстои задоволство, ќе видиме таканаречена нова ѕвезда на небото“, рече Браун и истакна дека T Coronae Borealis не е само една ѕвезда, туку две ѕвезди кои орбитираат една околу друга. „Она што го прави овој пар толку исклучителен е тоа што и двете ја зголемуваат својата светлина толку многу што стануваат лесно видливи за нас“, рече астрономот.