Нашол 43 илјади долари во кауч и решил да ги врати на вистинскиот сопственик

Од:

Хауард Кирби од Мичиген купил кауч на старо, но наишол на изненадување. Неговата снаа се пожалила дека не се чувствува пријатно додека седи, па две недели откако го купиле каучот, ја отвориле перницата за да видат што има внатре и виделе кутија со пари. Многу пари, дури 43 илјади долари.

„Морав да се штипнам за да се уверам дека не сонувам“, рекол Кирби во полициската станица, кога ги пријавил парите.

Неговиот адвокат го советувал дека тој нема обврска да ги врати парите, но Кирби одбил.

„Едноставно, тоа не ми се чинеше како вистинска одлука. Парите не се мои и сакав да бидат кај вистинскиот сопственик“, рекол тој.

Се јавил во продавницата за да види кој го донирал каучот и кому припаѓаат парите. Се испоставило дека станува збор Ким Фаут – Њубери, а каучот припаѓал на неговиот дедо, Филип, кој починал минатата година.

Во четвртокот, Кирби му ги вратил парите на неговиот внук, а го задржал стариот кауч.